23 Ноември, 2024
0.0295

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ФЕВРУАРИ: Пекол месец за овие хороскопи

Објавено во: Општо 21 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Oвен

Во текот на февруари ќе бидете подготвени да се соочите со бројни предизвици. Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување, за да реализирате цели кои сте си ги зацртале за себе за 2017 година. Најдобро би било тоа да го направите до 26 февруари. Овој месец ќе бидете под големо влијание на затемнувањето на Месечината, кое ќе донесе мноштво промени. Иако во текот на месецот ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за работата и кариерата, со стабилен и цврст став успешно ќе супеете да се износите со нив.

Поради поволните планетарни аспекти, љубовниот живот на Овновите ќе биде динамичен и активен. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи, а во тоа ќе имаат поддршка од своите пријатели. Оние кои се во врска или брак, ќе поминуваат повеќе време заедно и ќе го зајакнат односот.

Бик

Без оглед на потешкотиите, февруари ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба, парите за брзо време ќе се дуплираат.

Што се однесува до емотивните односи, во текот на овој месец ќе бидат исклучително важни, како резултат на затемнувањето на Сонцето. Многумина ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да покажат висок степен на емоционална зрелост. Проблематичните врски и бракови ќе имаат можност да се справат со спорните прашања и да изнајдат решение.

Близнаци

Положбата на планетите овој месец е доста поволна за започнување на нови проекти, а ќе бидете и во можност успешно да спроведете бизнис планови од претходниот период. Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од февруари, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет.

Осамените ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу 17 февруари. За да дојде до тоа, неопходно е да го проширите кругот во кој се движите. Како резултат на активните случувања во секторот на работата, оние кои се во врска или брак ќе наидуваат на негодување и замерки од страна на партнерот.

Рак

Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 12 февруари, а ќе бидете и соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите.

Сите одлуки поврзани со емотивните односи треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на овој месец, околностите нема да бидат многу јасни. Слободните можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно. Оние кои се во врска би можеле да наидат на одредени препреки кои ќе ги доведе до преиспитување на своите емоции.

Лав

Во вашето работно опкружување ќе дојде до неочекувани активности, кога вашата храброст во комбинација со дипломатијата ќе ви даде неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до средината на месецот, а после можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, но сепак бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното троѓење.

Во текот на февруари повеќе ќе бидете насочени на страста и сексот, отколку на нежните прошетки. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности. На брачните односи може негативно да влијае стресот од работата, што особено може да се одрази на сексуалниот живот.

Девица

Ова ќе биде месец на професионални предизвици за Девиците, бидејќи ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни и вредни да се справите со предизвикот. Но, вашиот партнер нема да има доволно слух за вашата преокупираност со работата. Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен, со можност за раст и експанзија.

Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм и неодоливост. Од друга страна, за припадниците на овој знак кои се во врска, ова не е поволен период за долгорочни одлуки. Обие што се во брак имаат за цел да го зачуваат мирот во партнерските односи.

Вага

Може да дојде до големи промени во работата и работната средина. Како последица на тоа може да се најдете на ново работното место. Но, нема сомневање дека добро ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на непотребните трошоци.

Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некој јавен настан, во образовните установи или можеби во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За Вагите кои се во брак, февруари е поволен месец, во кој ќе ја планираат иднината и ќе донесуваат важни одлуки.

Шкорпија

Под влијание на затемнувањето на Сонцето, ќе дојде до промени во вашето работно опкружување. Вашата фирма и работа со која се занимавате ќе претрпат драстични трансформации. Сепак, иако ќе постојат препреки, тоа нема да биде причина вие да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе да тргнете напред. Финансиските ситуација ќе биде стабилна. Сите важни одлуки поврзани за потпишување на договори одложете ги за понатаму.

Февруари ќе биде многу значаен на емотивен план. Слободните припадници на овој знак новиот партнер би можеле да го пронајдат на социјалните мрежи, или преку некој близок пријател. Ако сте на самиот почеток, дозволете врската постепено да се развива. Оние што се врска или брак, ќе бидат прилично авантуристички расположени.

Стрелец

На 10 февруари ќе дојде до драстични промени во вашето работно опкружување. Можно е компанијата во која работите целосно да ја промени својата намена или да се трансформира. Како и да е, ќе морате да се прилагодите на промените и да ги разгледате сите можности за да напредувате. Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите после 26 февруари. И заработката ќе ви стагнира во текот на овој месец, а подобрувања на финансиската ситуација е најавено веќе од 16 февруари.

Ова ќе биде прилично турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска, но и да се соочат со проблеми, додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најважно ќе биде да се зачува хармонијата во односот и да се избегнуваат непотребните препирки.

Јарец

Од 26 февруару  постои голема можност за нови бизнис планови, чиј иницијатор ќе бидете токму вие. Иако се ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енергија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат оние кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување.

Иако слободните ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер, бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За оние кои се во врска, ова не е поволен период  за долгорочно планирање и важни одлуки.

Водолија

Постои голема можност да ја промените сегашната работа, или да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Февруари ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер.

Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ќе имаат потреба од повеќе слобода, а тоа би можело да ја стави врската под прашање. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти, но реалната состојба на работите ќе биде таква што и двајцата повеќе ќе се занимавате со себеси.

Риби

И покрај турбулентните околности, многумина од вас можат да очекуваат напредок на работа, но ќе биде потребно будно да го следите развојот на ситуацијата. Невработените ќе наидуваат на нови можности и перспективи. Финансиската состојба ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството.

Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Оние што се во врска, во првата половина од месецот ќе бидат повеќе посветени на заедништвото и емотивните размени, а потоа ќе мора да се насочат на решавање на некои практични прашања.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.