Меси доби покачување, ќе зема плата од 16 милиони евра годишно!
Објавено во: Стил 19 Декември, 2012 20:38
Меси доби покачување на платата. Раководството на фудбалскиот клуб Барселона денеска соопшти дека на некои истакнати играчи им биле зголемени платите, меѓу кои е и најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси.
Како што објавија шпанските медиуми, Меси според новиот договор, ќе заработува 16 милиони евра годишно, со што ќе биде втор најплатен фудбалер на светот.Аргентинецот според висината на плататазаостанува зад поранешниот соиграч, Камерунецот Самјуел Ето, на кого рускиот милијардер Сулејман Керимов за играњето во Анжи му плаќа неверојатни 20 милиони евра за секоја сезона.
Фудбалскиот клуб Барселона, освен на Меси, платите им ги зголеми и на Карлос Пујол и Чави Ернандес.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





