Меси и Аргентина веќе денес можат да бидат елиминирани од Мундијалот
Објавено во: Спорт 26 Ноември, 2022 07:49
Аргентина дојде на СП предводена од Лионел Меси, како шампиои на Јужна Америка, во серија од 36 натпревари без пораз и еден од фаворитите за светската титула. И покрај сето горенаведено, и се заканува испаѓање во Катар по второто коло од групата.
Аргентина сензационално загуби од Саудиска Арабија (2:1) во првото коло. Доколку денеска загуби од Мексико во мечот кој се игра во 20 часот, а Саудиска Арабија ја добие Полска во вториот меч од групата или дури и тој меч да заврши нерешено, Аргентина ќе испадне од Мундијалот уште пред последното коло од групната фаза.
Ниту бод против Мексико нема да и значи многу на Аргентина, мора да победи за да биде во игра за минување во последното коло, па вечерва ги очекува еден од најважните натпревари во последните години. Лионел Меси (35) мора да победи на својот петти и последен Мундијал доколку сака да остане во игра за да го освои единствениот трофеј што му недостасува.
Индекс.хр
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





