Добивај вести на Viber
Пред банкротот на Грција, Аргентина беше најголемата економија која не ги плати кредиторите. 100 милијарди долари беше тогашниот долг на Аргентина. Кредиторите прифатија да добијат само мал дел од тоа што требаше да го земат, додека еден дел од нив го одбија предлогот на владат и до денешен ден си ги бараат 100% од средствата. Аргентина ова побарување не го признава, а процесот се одвива во САД. Се работи за само една милијарда долари, но сепак владата нема намера да го признае овој долг.
Како и да е сега ситуацијата во оваа јужно американска земја е значително подобрена. Сепак постојат проблеми кои наговестуваат можни нови опасносности. Според официјалните податоци инфлацијата е нешто над 10%, додека неофицијално таа е близу 25%. Дури и министерот за финасии во едно интервју изјави дека инфлацијата е многу чувствително прашање и дека не би сакал јавно да зборува на таа тема.
Преседателката Кристина Фернадез воведе строга регулатива со цел да спречи купување на странска валута. Со оглед на тоа дека веќе неколку години владата ја прикрива вистинската инфлација, луѓето се обидуваат да дојдат до долари плашејќи се дека домашната валута ќе девалвира во некоја точка. Во таква ситиуација подобро е да има цврста странска валута. Владата воведе исклучително строги мерки кои резултираа со огромно намалување на одливот на капитал од земјата. Капиталните одливи се намалиле од 21 милијарда во 2011, на само 3,5 милијарди долари во 2012 година.
Според ова мерките на владата се успешни, но сепак како и што секогаш бива постои курс на црно кој ја кажува реалната слика на терен. А тоа е дека дека се потребни скоро 11 пезоси за еден долар или два пати повеќе од официјалниот курс. Како на времето кај нас, така денеска во полно делови на Буенос Ајрес, може да се забелажат луѓе кои на црно продаваат валути.
Интересно, курсот на доларот на црно го има и на твитер
https://twitter.com/DolarBlue, каде секојдневно се објавува. Овој неофицијален курс го нарекуваат син курс или Меси курс, со оглед на дека дека се потребни над десет пезози за долар, а знаеме дека Лео Меси го носи бројот десет. Во продавниците се истакнуваат цени во долари и кога купувачите влегуваат, прво што прашуваат е дали сметате по меси курост или по официјалниот. Одоговорот може да го претпоставите сами.
Во земја во која има паралелни курсеви ситуацијата, не може да биде многу сјајна. Владата ќе мора што поскоро да најде начин да се справи со овој проблем, а најголемиот страве секако да не се повтори 2001.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.