Меси осомничен за даночна измама
Објавено во: Стил 27 Септември, 2013 14:26
Фудбалерот на „Барселона“ и на аргентинската репрезентација Лајонел Меси и неговиот татко Хорхе, се појавија денеска на сослушување во судот во Барселона, осомничени за даночна измама.
Меси кој ФИФА четирипати го прогласи за фудбалер на годината во светот, е осомничен од шпанскте даночни власти за прикривање на приходите, со што ја оштетил државната каса за четири милиони евра.
Обнителство тврди дека синот и такото Меси, во периодот мешу 2007 и 2009 година, користеле компании во Белизе и во Уругвај за продавање на сликите на прославениот фудбалер, само за да се одбегне плаќањето данок во Шпанија.
Според шпанската даночна управа, приходите од сликите на Меси ги вклучуваат и неговите комерцијални договори со шпанската Банко Сабодел, со „Даноне“. Адидас, Пепси Кола, „Проктор и Гембл“ како и со кувајтската компанија за храна.
Лајонел и Хорхе Меси претходно ги отфрлија сите обвинувања, тврдејќи дека не сториле ништо лошо и противзаконско. Денешното сослушување во судот во Барселона беше затворено за јавноста.
Минатиот месец, Меси уплати пет милиони евра на сметката на шпанската даночна управа, за да го покрие „кусокот“, плаќајќи и камата за „задоцнетото плаќање“ данок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





