Добивај вести на Viber
Поранешниот хрватски претседател,
Стипе Месиќ смета дека земјите од
поранешна СФРЈ мора повторно економски да соработуваат за доброто на граѓаните.
Неолибералниот капитализам е причина за светска финасиска криза и затоа сега неопходно е светот да го напушти тој концепт. Тој пред три дена претстојуваше во Скопје на трибина на тема „
Западен Балкан и евроатлантските интеграции:
Каде се наоѓаме?“, меѓудругото одговараше и на прашањето можна ли е слична економска соработка на земјите од поранешна
СФРЈ, за посилно освојување на светските пазари.
Одговорот на прашањето започна опширно.
„Неолибералниот капитализам дојде до својот врв и стана контрапродуктивен.
Сите кризи кои настанаа и почнаа во САД се случија токму поради
контрапрoдуктивноста на неолибералниот капитализам..Еве што се случи се одвои виртуелниот финсиски капитал од реалната економија, вие немате повеќе усогласност на реалната економија со тој виртуелен капитал кој практично ја предизвика кризата. Државата таму влезе со
100-тина милијарди долари, и кого спасуваше? Ги спасуваше парите, ги спасуваше банките, ги спасуваа тие кои ја предизивкаа
кризата. А кој трпи од тоа? Трпи социјалната држава. Државата престана да биде
социјална не само во САД, туку и во Европа. Значи мора да почнеме од тоа дека
неолиберализмот не е решение за секогаш. Тој имаше свои добри страни, но се додека не помине во својата спротивност“, објаснуваше
Месиќ.
Регулаторни тела за фискалната и монетарна област
„Цел на општествата е да создаваат нови односи во самите општества. Како? Па јас мислам дека преку реформи на
ООН мора да се дојде до одредени
регулатори во
финасиската сфера, за да на светско ниво веќе не може да се дојде до вакви кризни ситуации. ЕУ мора да воведе реуглатори и во
фискалната и во монетарната сфера, бидејќи без нив, ако
Европа не најде излез, ако не најде
регулатори ние ќе имаме нова
Грција, ќе имаме некоја нова
Шпанија, но ова не значи дека сега ние не треба да влеземе во ЕУ. Напротив, ние треба да влеземе во ЕУ и да помогнеме да се изнајдат решенија кои ќе бидат важни за сите други, па и за нас“, вели Месиќ.
СФРЈ ги изгуби светските пазари заради војните, сега заедно сите да ги вратиме назад
„Што се однесува до нас во овој регион, ние имаме
компатибилна економија, ние настапуваме заедно како
југословенска економија, настапуваме заедно на свестките пазари, имавме развиени економски односи со најголемите делови од светот, со најголем број од земјите. И вусшност, заблагодарувајќи се на
војната ние тие
пазари ги изгубивме, но тоа не значи дека со влезот во
ЕУ, ние мораме да бидеме задоволни само со односите во ЕУ, напротив ние мораме да се вратиме и на односите меѓу нас, на развивање на бизнис релациите во регионот и заедно повторно да се вратиме на пазарите кај земјите од
третиот свет. Значи ние можеме да напредуваме само ако меѓусебно соработуваме, а мислам дека можеме.
А што се однесува до Хрватска, таа останува таму каде што е, како што и нашите соседи остануваат таму каде што се, а кога сме веќе тука
тогаш да бидеме сојузници и да соработуваме за доброто на нашите
граѓани.
И.М.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.