Металската индустрија на удар, ветриштата од ЕУ неповолни за вкупната економија!
Објавено во: Економија 24 Април, 2013 07:47
“Проекцијата за движењето на цените на металите е надолно ревидирана, покажувајќи понеповолни услови за размена во овој дел од извозниот сектор.“ - пишува во анализата.Поповолни очкувања за цените на металите се очекуваат дури во 2014 та година. Како пооптимистички сигнали се толкуваат очекувањата за намалување на светските цени на храната и нафтата, што ќе предизвика намалување на инфлацискиот притисок, но сепак со постоечки ризици.
“И покрај помалите инфлациски ризици гледано преку вкупната инфлација, базичната инфлација и понатаму отстапува од проектираната патека и упатува на поголеми пренесени ефекти од растот на цените на храната и енергијата врз останатите цени во економијата. “ - стои во анализата.Проекции: внатрешниот долг расте, кредитирањето забавува Не запираат внатрешните задолжувања на Владата. Заклучно со март, владата по основ на државни хартии од вредност должи 905,5 милиони евра. Само за три месеци салдото е зголемено за 102 милиони евра.
“Ова салдо е поголемо во однос на проектираното ниво на државни хартии од вредност “ - пишува во извештајот на НБРМДепозитната база се намалува. По февруарскиот пораст, во март повторно топење на депозитите. Проекциите на Народната Банка – потфрлија во однос на остварените резултати во првиот квартал.
“Во текот на март е забележено намалување како резултат на падот на депозитите на претпријатијата. Годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 4,2 отсто во однос на истиот период лани и е под проекцијата за првиот кавртал од 4,7% “- заклучува НБРМНе се остварија ниту прогнозите за кредитен раст.
“Заклучно со март, годишната стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 проценти во однос на истиот период од претходната година и е под прокецијата за првиот квартал од 4,7%.“Бруто девизните резерви се 2 милијарди 230 милиони евра, и според НБМ оставриле раст според проекциите. Вкупните економски движења во земјите од Европската Унија засега не навестуваат оптимизам “Надолните ризици околу закрепнувањето на економијата и понатаму се присутни и во основа произлегуваат од евентуалното бавно спроведување на предвидените реформи во европската економија, што може неповолно да делува врз очекувањата и довербата на економските субјекти. Притоа, очекуваната патека на движење на економијата на евро-зоната не е променета, односно и понатаму се очекува пад на активноста во 2013 година и влегување во зоната на позитивни промени во 2014 година“ - пишува во најновиот Извештај на Народната Банка. А.Д.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




