06 Декември, 2025
0.0292

Металург приредува спектакл за домашната публика

Објавено во: Стил 19 Април, 2014 14:15

Добивај вести на Viber

Ракометарите на Металург организираат спектакл за навивачите, играат на мегдан против реномираната германска екипа Кил и ја отвораат четврт-финалната серија настапи на македонските екипи во Лигата на шампионите. Металург  ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и во преполната арена  „Борис Трајковски’’  во дуелот против Кил да оствари победа. Оптимизмот во редовите на тимот од Автокоманда, е оправдан ако се знае дека ниту еден тим не успеал да го порази Металург пред својата публика. Натпреварот Металург – Кил започнува од 18 часот и 30 минути, а е вториот од четвртфиналето кој ќе се игра денеска. Во првата средба П.С.Ж. за противник ќе ја има унгарската екипа Вестпрем. Во понеделник македонскиот шампион Вардар на гостински терен во Германија ќе го одигра првиот натпревар против Фленсбург.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: