Добивај вести на Viber
Циклонот кој денеска ја зафати Македонија, продолжува да се заканува и во текот на ноќта и утрешниот ден. Силни врнежи од дожд и грмотевици се можни во најголемиот дел од земјата.
Метеоролозите објавија метео-аларм според кој поголемиот дел од Македонија и утре останува во жолта алертна фаза со опасност од силни врнежи.
Делумно подобрување на временските услови се очекува дури од сабота.