08 Декември, 2024
0.0316

М.Г. ФЕШН Е НОВИОТ ЗНАЧАЕН АКЦИОНЕР ВО „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - познатата компанија сега поседува 7,7 отсто од хотелскиот гигант

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

На Централниот депозитар за хартии од вредност денеска осамна нов акционер во хотелската компанија „Македонијатурист“, а тоа е друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн ДОО Увоз-извоз од Скопје, кој сега поседува акционерски пакет од 7,69 проценти од вкупниот акционерски капитал на компанијата. 

Оваа компанија досега не беше акционер на хотелско угостителската компанија „Македонијатурист“

Како што е познато, минатата недела во еден исти ден имаше девет блок трансакции со акциите на Македонијатурист, и на нив се продадоа значајна количина акции на компанијата, по цена од 9.500 денари за акција, или за вкупна сума од над 5 милиони евра. 

Како што е познато, ЦДХВ секоја недела во понеделник ја ревидира акционерската структура на друштвата со посебни обврски за известување, и излегуиваат акционерите кои имаат над 5 проценти во компаниите. 

MG Fashion, како штпо стои на нивната веб страница, е компанија основана во 2004-тата година во Скопје, Македонија како дел од групацијата Fashion group.
Основачите се експерти во своите области кои долги години претходно работат заедно на бројни успешни проекти.

MG Fashion е дел од групација од компании кои години наназад работат во различни бизнис сектори, секоја исклучително успешна во својот домен.
MGF RETAIL, ДОО е компанија која повеќе од 15 години е застапник на некои од најпознатите светски брендови чии франшизи ги поседува, а колекциите од истите можат да се најдат во продавниците на компанијата. Покрај физичките продавници, MG Fashion последниве три години се насочи и кон онлајн продажбата која се покажа како доста успешна и потребна, особено во новонастанатите услови на пандемија.

Од особено значење и пред сè како главна активност на компанијата се истакнува работата во полето на недвижности, со фокус на проектирање и изградба на комерцијални, резиденцијални и деловни простори. Со искуството од повеќе од 10 години во оваа дејност, портфолиото на компанијата постојано се збогатува со импозантни проекти и многу задоволни клиенти.

„Долгогодишниот успех на компанијата се должи и на тимот професионалци кои години наназад со своето искуство и посветеност успешно одговараат на секој проект, а дел од нив се со компанијата од самите почетоци. Токму нивната мотивација и подготвеност да одговорат на секој предизвик, ни донесе многу задоволни клиенти кои со задоволство се враќаат кај нас.
Токму успешниот тим, особено внимание посветува и на создавање на енергетско ефикасни објекти со особена грижа за околината, нешто кон што се стремиме целосно да се насочиме во следните години“, се вели на веб страницата на компанијата.

Покрај М.Г. Фешн, други позначајни акционери на Македонијатурист остануваат да бидат Доне Таневски, со пакетот од 23,4 отсто, потоа Сава пензиски фонд има 8,8 проценти, Симеон Павлов поседува 8,19 проценти, а компанијата Изостоне располага со 6,62 проценти од капиталот, додека и самата Македонијатурист поседува 10 отсто сопствени акции. 

Уште околу 380 домашни физички лица поседуваат помали проценти акции во Македонијатурист. 

Фактор направи „скенирање“ и на другите нови акционери на „Македонијатурист“.

Имено, на „Изостоне“, односно компанијата која поседува 6,63 отсто од акциите, основач и сопственик на компанијата е Саудин Реџепи од Градец, Врапчиште, а тој е и управител на компанијата. Компанијата е друштво со ограничена одговорност на едно лице, односно ДООЕЛ, и е лоцирана на улица Штипска во Тетово. Основана е пред шест години или конкретно во 2018 година, работи во секторот градежништво, а нејзината дејност е изградба на станбени и нестанбени згради. Сппоред нејзината големина таа е средно голема компанија, а за капиталот и за неговоро потекло се наведува дека станува збор за приватна сопственост. За нејзиниот паричен влог се наведува дека тој е 310 илјади денари, односно тоа се 5 илјади евра и тоа е најмалиот дозволен основачки влог на една компанија.

Што е интересно за компанијата од финансиски аспект. 

Имено, во ланската година таа остварила приходи од 2,45 милиони евра, но тоа е намалување за 28 отсто во однос на претходната 2022 година. Но, затоа таа го зголемила профитот. Или поточно, нејзините расходи изнесувале 1,47 милиони евра. Сето тоа направило Изостоне од Тетово да има нето добивка за лани од 887 милиони евра, значи близу 900 илјади, и тоа е зголемување за 23 проценти. 

Кога станува збор, пак, за Симеон Павлов, новиот акционер на Македонијатурист, кој агресивно влезе во компанијата и веќе дојде до процент од 8,19 отсто, треба да се напомене дека тој се поврзува со компанијата Чеза комерц, формирана во 1990 година.

Основната дејност на компанијата е трговија и производство со јаткасти плодови, а годишниот обрт на производство од 15 илјади тони, како што напишале на својата веб страница, ја прави компанијата сериозен партнер во регионот и пошироко. Таа компанија работи со брендовите Нутини и Кибела, како и рефусни јаткасти производи, масти, масла, зачини, како и суровини за слаткарска и пекарска индустрија и останатите гранки. Компанијата соработува со повеќе од 40 земји, од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка.

Фактор објави дека „Македонијатурист“ во првите девет месеци годинава го подобрила своето работење за 29 отсто во споредба со истиот период лани. Нејзните активни хотели (вкупно 4) за периодот јануари – септември инкасирале 5 милиони евра од продажба на угостителски и хотелиерски услуги. Приходите од продажба на „Македонијатурист“ годинава се за 1,1 милиони евра повисоки од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот биланс на успех што компанијата го објави неодамна.

Во овој период оперативните расходи на компанијата изнесуваат 3,74 милиони евра. Најголема расходна ставка се трошоците за вработени кои се повисоки за 16 отсто од истиот период лани и изнесуваат 1,3 милиони евра за девет месеци. Втора најголема ставка во структурата на трошоците е амортизацијата и таа изнесува 1 милион евра за девет месеци. Трошоците за суровини и материјали се речиси идентични како и лани и изнесуваат нешто над 800.000 евра.

Оперативната добивка на „Македонијатурист“ годинава е подобрена значајно во споредба со истиот период во 2023 година. Поточно оперативната добивка е зголемена за повеќе од 3 пати во споредба со лани и годинава таа изнесува 1,45 милиони евра.

Годинава за прв пат по период од пет години оперативната добивка на хотелите на „Македонијатурист“ како извор на добивка конкурира на финансиските приходи на таа компанија. Како што сме пишувале повеќе пати досега најсилен адут на „Македонијатурист“ е нејзиното ликвидно богатство односно приходите што ги има (дивиденди и камати) од нејзините краткорочни вложувања.

Годинава досега тие приходи изнесуваат 1,3 милиони евра. Значајно учество во тие приходи има дивидендата од акциите што „Македонијатурист“ ги поседува во „Комерцијална банка“. Исто така компанијата поседува и удели во инвестициски фондови, но чува пари и во депозити во банки и од тоа добива камати.

Вкупната нето добивка за девет месеци е 2,6 милиони евра. Во однос на лани резултатот односно добивката е удвоена. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат