Мицкоски ги именува стратешките соработници: Силјановска Давкова, Дурловски, Климовски во тимот
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019 11:47
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го објави тимот на стратешки соработници.
Кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, е ангажирана за политички систем, заедно со кардиологот Сашко Кедев за здравствена политика, Владимир Дуковски за технолошки развој и образовни политики, Хозе Караско за економски прашања од универзитетот во Мадрид.
Именувани беа и Игор Дурловски за културата, Влатко Гигов пд Швајцарија за нови производи и социјални медиуми ,Јанко Баждарела од Њујорк, а поранешен студент на УКИМ, за напредни технологии и аналитика, Борко Ристовски соработник за спорт, Сања Божиновска, инаку магистрант од Гронинген, за енергетика, како и Ака Махмут за туризмот.
Вонредниот професор Лазар Јовевски е именуван за социјална политика, Зоран Марков од Машински факултет за машинска индустрија и екологија, Докторот на науки Гоце Наумовски за интелектуалната сопственост, Гоце Андреевски за бизнис, Александар Климовски за корпоративно право, Коста Митровски за банкарска политика.
- Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Потребна ни е обнова во секој сегмент од општеството. Македонија отворена кон светот но и конкурентна со развиените земји. Земја која што ќе биде технолошки тигар на Балканот. Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа. Затоа ни се потребни човечки квалитети и потенцијал, а ВМРО-ДПМНЕ го ангажира тој потенцијал. На сите граѓани им порачувам да не следат и да имаат верба, рече Мицкоски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата





