Мицкоски: Го охрабрувам Филипче по политичката кариера, да се врати да биде лекар
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2020
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Тв 24 изјави дека лекарите со оглед на условите во кои работат, добро се справиле со коронавирусот.
Тој ги пофали лекарите, и вели дека доколку имаат подобри услови, ќе реагираа уште подобро како одговор на епидемијата.
„Луѓе кои го знаат Венко Филипче го оценуваат како сосема коректен човек. Го охрабрувам по политичката кариера, да се врати да биде лекар“, вели Мицкоски.
Додаде дека доколку продолжи со политика, Филипче треба да внимава на јавни набавки.
Мицкоски не се сложува дека кај граѓаните се вратила добербата во институциите.
Негира дека тој ги делел лекарите на „наши“ и „ваши“, туку објасни дека во својата партиска структура имаат и лекари кои му ги пренеле своите искуства.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.