19 Мај, 2024
0.0348

Мицкоски го започна мандатот од струмичка црква

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски мандатот како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го започна од верски храм во Струмица, каде што се поклони пред иконата на Света Богородица брзопослушница која беше донесена минатата година од Света Гора. Иконата досега ја посетиле илјадници верници од регинот.

„Чудо, да бидеш за нас” доби Благослов новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ од струмичкиот свештеник при денешната посета на црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“.

Мицкоски испрати порака за помирување кое и е потребно на Република Македонија.

„Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас одлучив денеска да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од оваа свето место и да се помолам пред иконата на Мајка Богородица – Брзопослушничка, да побарам спокој за себе и спокој за сите граѓани во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски како предводник на демохристијанска партија со ваквиот прв потег ќе се обиде да ги истакне традиционалните вредности на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична