Мицкоски: Очекувам од „Лидл“ да има 50 отсто македонски производи и ниски цени
Објавено во: Економија 15 Август, 2024 11:43
Премиерот Христијан Мицкоски на денепниот брифинг со медиумите појасни дека на вчерашната средба со раководството на „Лидл“ покрај разговорите за логистичката поддршка од државата, побарал асортиманот на ланецот маркети да биде застапен со 50 отсто домашни производи.
- Побаравме таа застапеност да дојде некаде до 50 проценти. Ние очекуваме минимум 50 проценти, ноете да дојде барем до 50 проценти, рече Мицкоски.
Покрај тоа,премиерот пренесе и дека го истакнал своето очекување за пониски и подостапни цени за граѓаните.
- Очекувам да работат во насока на нормите за цена што е прифатлива за македонските граѓани. Ние ќе испорачаме се без посредници, без „провизии“,па „јас го знам овој, оној“, такви работи нема да има, додаде Мицкоски.
Тој очекува дека „Лидл“ до крајот на 2024 од Македонија ќе извезе овошје и зеленчук во вредност од околу 5 милиони евра, а на долг рок таа бројка да се зголеми од 50 до 100 милиони евра.
Вчера Мицкоски овјави дека бил на средба со менаџментот на „Лидл“ на која „бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот синџир маркети од претходната Влада“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




