07 Октомври, 2024
0.0250

Мицкоски со тирада по новата министерка за финансии: Крадела идеи и ќе потпишува одлуки на Заев и Анѓушев

Објавено во: Македонија 26 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во својата утринска колумна, пишува дека новоназначената министерка за финансии Нина Ангеловска во својата кариера крадела идеи и дека нејзината суштинска работа ќе се сведе само на потпишување на одлуките на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Претседателот на најголемата опозициска партија исто така има забелешки и за годините на основачката на „Групер“.

„Нацијата е среќна..., блескаме..., го добивме новиот кандидат за министер за финансии, успешна личност, во зрели свои околу триесетина години и многу успешни потфати во минатото, со одлично лично портфолио, добро де тук-таму по некоја украдена идеја и сосема случајно се води во регистарот на МВР како сторител на кривично дело... Но, нацијата треба да биде спокојна, тука се поискусните, сега веќе двоецот Заев-Анѓушев ќе помогнат, секогаш кога треба да се потпише нешто, тие се тука да ја охрабрат новата ни министерка, да не се плаши, та нели блескаме, па да заблескаме со некој кредит и криминална одлука уште повеќе. 102,5% исти, ќе каже тогаш кандидатот за претседател пред првиот круг, па тогаш Зоран Заев свесен за дебаклот ќе најави онака одлучно, полн со лажна самодоверба пресврт, откако неговите политики доживуваат дебакл, а државата ја водат во бездна, операција „Метла”. 

Метлата го замете професорот (кој според многумина беше најслаб министер за финансии од независноста до денес), но затоа пак добивме кандидат за министер кој можеби е за некој процент повеќе од оние 102,5% сличен со двоецот Заев-Анѓушев. А ако има и минимална дилема, многу скоро ќе му стане јасно кога ќе треба да ги потпише оние 125 милиони евра заем, ребалансот на буџетот, потоа неколку нови задолжувања како што е проектот на принцот на политичкиот криминал во вредност од 500 милиони евра, па новата eврообврзница што се најавува кон крајот на оваа или почетокот на следната, новиот буџет... полека туркајќи ја Македонија кон грчко сценарио„ пишува Мицкоски.

Го повика членството и симпатизерите, односно оние кои се незадоволни од актуелната власт, да покажат мудрост и трпеливост „за да не ги направат грешките од далечното, но и поблиското минато“. Во напишаното, претседателот на најголемата опозициска партија додава дека се уште не е расчистен случајот со прислушкувањето во јавното обвинителство, дека Македонците се граѓани од втор ред, дека на власта и пречи протечениот исказ за случајот „Рекет“

Можеби ќе ве интересира

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода