18 Декември, 2025
0.3607

Мицотакис: Да не се дозволи одново да се појават духовите на балканскиот национализам

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2025 06:52

Добивај вести на Viber

На лидерите на Западен Балкан им припаѓа одговорноста да обезбедат иднина на мир и просперитет за своите народи, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, осврнувајќи се на регионот, односно како што рече на „непосредните соседите кои се стратешки партнери на Европската унија и кандидати за членки“ и паралелно повторувајќи ја грчката поддршка за ЕУ перспективата.

Мицотакис посочи дека „регионот направи значаен напредок во изминатите децении“, но и дека сепак, „рамнотежата останува кревка, со сè уште присутен ризик од враќање назад“.

-Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Грција беше пионер во оваа насока преку Солунската агенда, која го постави патот за европската перспектива на регионот. Овој пат мора да се темели на целосно почитување на меѓународното право, на постојните меѓународни договори, владеењето на правото, човековите права и правата на малцинствата. Бара отфрлање на ревизионистичките агенди и градење доверба меѓу соседите. Духовите на балканскиот национализам го прогонуваа регионот со векови. Не смее да им се дозволи повторно да се појават. На лидерите на Западен Балкан им припаѓа одговорноста да обезбедат иднина на мир и просперитет за своите народи, посочи Мицотакис.

Грчкиот премиер говореше за ситуацијата на Блискиот исток и во Источниот Медитеран, за односите со Турција, но и за кипарското прашање.

Го повтори ставот на Грција дека Израел има право да се брани против терористичка организација, дека повикуваат на итно ослободување на сите заложници и прекин на огнот, но и дека во исто време јасно ставаат до знаење дека никакви воени цели, без разлика колку се вредни, „не можат да ја оправдаат смртта на илјадници деца, присилното раселување на над еден милион Палестинци во Појасот Газа и хуманитарното страдање на палестинскиот народ“.

- Грција одржува стратешко партнерство со Израел. Но, ова не нè спречува да зборуваме отворено и искрено. Продолжувањето на овој тек на дејствување на крајот ќе им наштети на сопствените интереси на Израел, што ќе доведе до ерозија на меѓународната поддршка. Им кажувам на моите израелски пријатели дека ризикуваат да ги отуѓат сите свои преостанати пријатели ако истраат на пат што го уништува потенцијалот на решението со две држави, посочи Мицотакис.

За војната во Украина рече дека „не е уште еден регионален европски конфликт, туку е борба за слобода, за демократија и за самото достоинство“, ги поздрави напорите на американскиот претседател Трамп, но и порача дека „не може да има мировна формула без Украина на масата и не може да има прифаќање, под никакви околности, на граници прецртани со сила“.

Во однос на грчко-турските односи посочи дека Грција се води според почитувањето на меѓународното право, уште еднаш изрази подготвеност да се работи на „решавање на единственото отворено прашање меѓу двете земји, односно разграничувањето на континенталниот гребен и ексклузивната економска зона во Егејското море и Источниот Медитеран“.

- Турција мора да ја отстрани заканата од војна што сè уште виси како темен облак над нашите односи. По 30 години, „casus belli“ мора да се повлече. Нема место во односите меѓу пријателски соседи. Нашиот пат напред мора да биде дипломатски, а не со јазикот на оружјето, порача Мицотакис.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии