МИЦОТАКИС ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ГРЦИ НА СЕЛО: Може ли ова да вроди со плод?
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2024 17:38
Грција со стимулации ќе ги враќа младите на село.
Грчката влада подготвува пакет стимулации за враќање на младите во руралните средини.
„Новата програма има за цел да ги насочи младите Грци во селата во пограничните области, а исто така и да ги врати младите специјалисти од странство“, најави премиерот Кирјакос Мицотакис.
Тој во интервјуто за локалниот весник „Та Хоријатика“, изјави дека владата истражува дали економските стимулации можат да ги охрабрат младите да се вратат на село.
Владата ќе нуди стимулации за почнување семеен бизнис – помало оданочување, финансирање за почеток на компанијата, истражување за можностите за развој на земјоделска дејност во дадена област и уште поевтина струја.Во населените села, претежно во пограничните области, нема млади луѓе за поддршка на земјоделството. Едно истражување покажа дека младите би почнале агробизниси доколку им се даде финансиска помош и добри услови за живот.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




