30 Јуни, 2024
0.0274

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ВО ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ОД МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: „Директно го прекршуваат договорот од Преспа“

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за, како што рече, „фактот што и претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа“ и посочил дека е неопходно сите да разберат дека „почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прес-конференцијата во Брисел по Самитот на Унијата, Мицотакис, освен за тековните европски случувања, одговарајќи на новинарско прашање, говореше и за односите со нашата земја.

- Со оглед на тоа што имаше дел за прашањата за проширувањето, презедов иницијатива и ги информирав моите колега во Европскиот совет за случувањата во Северна Македонија, за фактот што и претседателката и мандатарот за премиер всушност директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име, а не уставно дефинираното име на земјата, за внатрешна употреба, што е целосно спротивно на духот на Договорот од Преспа, рече Мицотакис

Дополнително, додаде дека „за оваа непријатна разврска“ ги информирал неговите колеги и уште еднаш посочи дека ЕУ перспективата на земјата поминува преку почитување на меѓународните договори.

- Апсолутно јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, тоа, во суштина ќе го направи исклучително тежок, ако не и во пракса да го поништи, секој процес на брза конвергенција со европското семејство. Така што, мислам дека треба сите да ги разберат последиците од своите постапки и да знаат дека почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори што се потпишани, во овој конкретниот случај, од двете страни, рече Мицотакис.

Од опозициската СИРИЗА, доцна синоќа излегоа со соопштение во однос на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со делегацијата од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, коментирајќи дека ги осудуваат „иредентистичките ставови“ и ја повикаа актуелната грчка Влада да го интернационализира прашањето.

- СИРИЗА недвосмислено ги осудува иредентистичките ставови на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска, за наводна „Егејска Македонија“, со кои грубо се крши членот 4 од Договорот од Преспа. Ја повикуваме Владата на Мицотакис конечно да се разбуди од дипломатската летаргија во која западна и веднаш да го интернационализира прашањето, со цел Владата на Северна Македонија да се најде соочена со своите одговорности, кои се однесуваат и на нејзиниот пристапен процес во ЕУ и на воведувањето санкции за оние го прекршуваат Договорот од Преспа според законодавството на САД од 2021 година, соопштија од СИРИЗА.

Упатија и критики до актуелната грчка Влада дека „сноси тешка одговорност за штетите што ги нанесе на националните интереси“ на земјата, поради, како што велат неодговорната надворешна политика, „избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи“.


Можеби ќе ве интересира

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ДЕСПОТОВСКИ: СДСМ не смее да дозволи членовите да ги враќа од избирачките места

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“

АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“