АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Полицијата приведе 9 лица за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024
Полицијата приведе 11 лица – 9 за питачење и 2 за „запуштање и малтретирање на дете“.
Вчера од 16.00 до 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје по планот за сузбивање на питачење на подрачјето на Центар и Бит Пазар уапсија 11 лица од кои девет се приведени за сторен прекршок по чл.24 од ЗППЈРМ (питачење), а двајца биле лишени од слобода во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по чл.201 од КЗ на РСМ.
Од полицијата соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.