02 Јули, 2024
0.0371

ФИЛИПЧЕ: Целокупниот процес е легитимен, гласањето се одвива мирно

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Кандидатот за нов лидер на СДСМ Венко Филипче, по гласањето на своето избирачко место во Општина Карпош рече дека гласањето се одбива мирно и дека има позитивна атмосфера. 

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од СДСМ, Филипче ги повика сите регистрирани членови да излезат да гласаат во што поголем број.

За сомнежите кои во изминативе денови излегоа во јавноста во однос на легитимитетот на постапката, Филипче, вели дека добиле известување од Централната изборна комисија дека тие сомнежи се неосновани.

„За спроведување на постапката одговорна е Централната изборна комисија која сите тие забелешки ги анализираше и не извести сите кандидати дека сите тие сомнежи се неосновани и дека целокупниот процес е легитимен“, изјави Филипче.

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места во државата, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23.000  акредитирани партиски членови.

Освен Филипче, кандидати се директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, додека поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата. Таа обвини дека имало злоупотреба на лични податоци на членови на партијата. 

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Министерот Николоски кај Јанев пријави можен криминал во две претпријатија

Министерот Николоски кај Јанев пријави можен криминал во две претпријатија

Паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во Скопје

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници

САКАЛ ДА ГО ЗАТАШКА СЛУЧАЈОТ: Полицаец кој го обезбедувал домот на Заев, го напуштил работното место и пукал

САКАЛ ДА ГО ЗАТАШКА СЛУЧАЈОТ: Полицаец кој го обезбедувал домот на Заев, го напуштил работното место и пукал

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага