02 Јули, 2024
0.0289

АВРАМОВСКА-МАДИЌ ЗА ЗАБЕЛЕШКАТА НА ДЕСПОТОВСКИ: Станува збор за многу мал број на гласачи, на ниво на Македонија не се ни околу дваесет

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи. 

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ информираше дека според пресекот направен во 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто.

„Утринава во 8 часот се отворени 77 избирачки места, гласањето ќе трае до 20 часот. Во моментов пресекот што го направи Централната изборна комисија во 14 часот е од вкупно запишаните избирачи на избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ, излезени се 6.706 или 28,61 отсто“, информираше Мадиќ.

Додаде дека по завршувањето на гласањето во 20 часот ЦИК ќе информира за резултатите од денешните избори, како и за вкупната излезност.

Во врска со забелешките од страна на кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, дека голем број членови на партијата не им било овозможено да гласаат, Мадиќ рече дека станува збор за мал број на гласачи кои не биле активно регистрирани. Рече дека на ниво на Македонија тоа не се ни околу 20 луѓе. 

„Морам да напоменам дека денеска право на глас имаат сите оние кои што се запишани во избирачкиот список, активно се регистрирале на два начини, едниот е онлајн или со пријава во општинската организација и во себе поседуваат црвена членска книшка, бидејќи системски мора да гласаат преку читачот. Сите оние кои ги има во избирачкиот список, а во моментот немаат книшка ја изгубиле или е општетена, ЦИК издава членски книшки кои имаат желба да дојдат да ја подигнат преку општинската организација. Вчера имаше издавање на членски книшки и во текот на денот кажавме дека сето тоа може. Станува збор за многу мал број на лица кои тврдат активно се регистрирале, а системот не ги покажува дека на ниту еден начин биле активно регистрирани“, рече Мадиќ.

Кандидатот за нов лидер на СДСМ, Јован Деспотовски денеска по гласањето во Општина Карпош изјави дека очекува дека до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес, но потенцираше дека има информации за голем број на членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат.

Вчера од трката се повлече поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, па на денешните избори ќе се гласа за тројца кандидати. 

фото принтскрин МИА

Можеби ќе ве интересира

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници

СИЛНИОТ ВЕТЕР ЈА ПРЕКИНА РАБОТАТА НА ЖИЧНИЦАТА: Неговата јачина ги надминува дозволените граници

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

НЕ Е ВО РЕД НА ГЛАСАЊЕ ДА ПУШТАТЕ ЛУЃЕ КОИ ЗНАЕТЕ КАКО ЌЕ ГЛАСААТ: Се огласи Деспотовски за партиските избори

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Од денеска исплата на преостанатата парична помош за учениците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

Левица: Властите на Бугарија и Албанија заеднички ги „попишаа“ Македонците

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага

СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ ДЕКА СЕ ОД МВР И ЕВРОПОЛ ПА НАСЕДНУВАЛЕ ГРАЃАНИ: Им кажувале дека се води некаква истрага

ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Повеќе нема да биде директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Повеќе нема да биде директор на ТИРЗ

„ГРЦИЈА ДА СТАВИ ВЕТО НА СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ ИСТО КАКО БУГАРИЈА“: Самар со барања до грчката влада

„ГРЦИЈА ДА СТАВИ ВЕТО НА СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ ИСТО КАКО БУГАРИЈА“: Самар со барања до грчката влада

УХМР ГО ВКЛУЧИ МЕТЕОАЛАРМОТ: Ќе има невреме со ветер и до 70 километри на час, а можна е појава на град

УХМР ГО ВКЛУЧИ МЕТЕОАЛАРМОТ: Ќе има невреме со ветер и до 70 километри на час, а можна е појава на град

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб

Извадено албанското, вратено македонското знаме на Кораб