Microsoft го тужи Samsung
Објавено во: Мои пари 06 Август, 2014 18:49
Иако се долгогодишни партнери, Microsoft ја тужи компанијата Samsung.
Предмет на спорот е непочитување на договорот за плаќања на надокнада, која Samsung, како произведувач на Android уреди, ја плаќа на Microsoft, а врз основа на одредени патенти кои се во сопственост на Microsoft.
Samsung не ја платил договорената сума, која не е позната, минатата есен, откако Microsoft објавил дека ја купува финската компанија Нокиа.
Од Microsoft велат дека го почитуваат партнерството кое го имаат со Samsung, но и тоа дека понекогаш и партнерите не се согласуваат.
Инаку, договорот за лиценцирање е постигнат во 2011, а дали било основа за престанување на плаќањето ќе одлучи судот.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




