МИХАИЛ ПАНОВСКИ: Од двете страни за прв пат имаме добри и чесни луѓе, да се искористи шансата да се реши проблемот со Бугарија
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2022
„Досега проблемот го решаваа, благо да кажам луѓе компромитирани во криминалот, од двете страни“, порача поранешниот пратеник Михаил Пановски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Тој вели дека сега за прв пат имаме двајца нови и чесни луѓе, мислејќи на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
„Сум го анализирал Кирил Петков, тој е успешен бизнисмен кој досега немал врска со буџетот и тоа е многу важно. Ковачевски, немал и тој допир, освен во претходната една година. Заменик министер за финансии за мене е маргинална функција.Имаме од двете страни добри и чесни луѓе да го решат овој проблем и Македонија мора да ја искористи оваа шанса. Ако од функцијата отиде еден од нив или двајцата, прашање е уште колку долго време ќе останеме во оваа ситуација“, рече Пановски.