05 Декември, 2025
0.0355

Михајловиќ ќе биде погребан в понеделник во Рим

Објавено во: Спорт 17 Декември, 2022 12:58

Добивај вести на Viber

Прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина вчера на 54-годишна возраст по долго и тешко боледување, ќе биде погребан в понеделник во Рим, објави неговото семејство.

На Михајловиќ во јули 2019 година му беше дијагностицирана леукемија додека беше тренер на Болоња. Извесен период потоа неговата здравствена состојба значително се подобри и тој повторно седна на клупата на Болоња, но, болеста, за жал, повторно се врати и легендарниот српски тренер ја загуби најважната битка во животот.

Сочувство до семејството на Михајловиќ упатија голем број европски и светски фудбалери и тренери.

Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена ѕвезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со Црвена ѕвезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата со Дарко Панчев и Илија Најдоски., а беше и шампион на Италија со Лацио и Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.

Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Заедно со Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три голови на еден натпревар од слободни удари.

Синиша Михајловиќ го држи и рекордот, заедно со Андреа Пирло, според бројот на постигнати голови во Серија А од слободни удари (28).

Српскиот фудбалер во 2019 година беше прогласен за почесен граѓанин на Болоња.

Како тренер во два наврати ја предводеше Болоња, а седеше и на клупите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино., како и на репрезентацијата на Србија. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: