Милер: Државното трошење не е најдобар пат до економски раст, тоа води до корупција!
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013
Македонското ниво на долг не е загрижувачко, но ова е многу лошо време за владите да го зголемуваат дефицитот и расходите, вели амбасадорот Тери Милер, директор на Центарот за меѓународна трговија и економија во фондацијата Херитиџ, во разговор за МИА.
Центарот работи на Годинешниот индекс на економски слободи на Херитиџ и весникот Вол Стрит Журнал, а според неодамна објавениот индекс, Македонија се пласираше на 43. место од 177 држави, најдобра во регионот и на 21. место во Европа. ИнакуИндексот ги оценува државите според начинот и нивото на оданочување, колку е тешко да се отвори нов бизнис, отвореноста на земјата за трговија со светот и владеењето на правото. Според Милер напредокот е добар, но голем просторот за подобрување пред се има во индикаторите на владеење на правото. Тој смета дека македонското ниво на долг не е загрижувачко, но треба да се внимава на насоката на движење нa земјата. „Долгот во Македонија се уште е под 30 проценти од БДП и мислам дека тоа не е проблематично ниво на долг. Треба да се искачите до ниво од 60 или 70 проценти, пред навистина да треба да се загрижите за влијанието на долгот врз идниот економски развој. Но, самото зголемување на долгот значи дека треба да се внимава на насоката. Важно е владите да ги стават дефицитот и расходите под контрола. Овој период е многу лошо време за владите да го зголемуваат дефицитот и расходите. Ако погледнеме какво влијание имаат на дефицитот и трошењето врз економскиот раст, може да се види дека тука има повеќе негативна отколку позитивна врска. Државите кои повеќе трошат и кои ги зголемуваат расходите имаат пониски стапки на раст од државите кои штедат“, вели Милер. Според Милер, освен што државното трошење не е најдобар начин да се стимулира економскиот раст, тоа води и до високо ниво на корупција. „ВО САД, на пример, пред неколку години имавме голема програма за стимулирање на економијата, скоро трилион долари. Беше ветено дека тие пари ќе се потрошат на јавни инвестиции, патишта, мостови. Но, не видовме ништо од тие патишта и мостови. Наместо тоа, парите беа потрошени на програми за редистрибуирање, а голем дел од нив отидоа кај лица поврзани со актуелната власт. Како резултат на овие даноци и државната потрошувачка имавме зголемување на нивото на корупција. За тоа би бил загрижен и во земји како што е Македонија - ако со даноците одземате ресурси од сите граѓани, важно е државата потоа да биде одговорна во трошењето на тие ресурси. Општо земено, најдобро е парите да им ги оставите на луѓето, за самите да решат како да ги потрошат“, вели Милер.Тој оценува дека добра можност за економијата е ниската и рамна стапка на данок за компаниите и за остварениот доход, но укажува дека замената за овие приходи, данокот на додадена вредност, е висок.
„Во принцип ова е добра идеја, да се оданочи потрошувачката, преку данокот за додадена вредност, а не заработувачката преку данокот за доход. Во голем број студии, даноците како ДДВ се покажуваат дека се поефикасни. Но, не се работи само за типот на оданочување, туку и за неговото ниво. Македонија има ДДВ поставен на ниво на 18 проценти, што е навистина висока стапка и одзема доста од доходот на граѓаните“, вели Милер за МИА.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.