Милевски: Овие момци се херои, ни самите не знаат колку вредат
Објавено во: Спорт 11 Октомври, 2016
Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски на прес-конференцијата по историскиот пласман на „црвено-жолтите“ на ЕП 2017 во Полска, изјави дека со прикажаното во квалификациите, тие докажале дека Македонија има талент и дека тука знае да се игра фудбал. Тој ја посвети победата на сите Македонци и додаде дека незнае сега што ќе речат оние кои не му мислат добро на македонскиот фудбал.
- Овие момци веќе не се ниту херои, не се ниту феномени. Тие се нешто повеќе. Овие момци, искрен сум, не знаат колку вредат! Среќен сум и горд што сум нивен селектор. Им реков да не се будат од сонот до Полска. Нашата мисија продолжува на Европското првенство, започна Милевски.
- Ова е за сите Македонци, не знам сега што ќе речат душегрижниците кои не му посакуваат добро на македонскиот фудбал. Со оваа победа, но и со сите прикажани партии во квалификациите, докажавме дека Македонија има талент и дека тука знае да се игра фудбал. Овој не е најважниот натпревар во македонската историја, сите десет кои ги одигравме во овие квалификации беа еднакво важни. Секој натпревар беше клучен. Напорно работевме во текот на целиот квалификациски циклус, момците дадоа се од себе и го заслужија ова што им се случува сега., истакна возбудениот Милевски.
- Има време за ЕП во Полска, ќе се подготвиме добро, и верувајте дека и таму ќе барам да одиме на победа на секој натпревар. Ова е најголемата награда за трудот што го вложеа овие момци, изјави по мечот селекторот Благоја Милевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.