02 Мај, 2024
0.0259

Милијардер бара град за да ја изгради највисоката зграда во светот

Објавено во: Стил 18 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Саудискиот милијардер принцот Ал Валид бин Талал изјави дека сака да ја гради највисоката зграда во светот, а сега бара град во кој ќе се прави градбата. Во игра влегуваат Шангај, Москва, Лондон и Њујорк, како веројатни локации за изградба на високата 1 милја (1,6 км.) зграда. Принцот ја покани најголемата градежна компанија во Дубаи, „Emaar Properties„ да учествува заедно со неговата инвестициска компанија „Kingdom Holding“ во изградбата на проектот. „Во моментов ги разгледуваме и проценуваме можностите за изградба на облакодер висок една милја", изјавил тој во телефонското интервју за Ројтерс. „Ни требаат и добри партнери. Ги повикав„Emaar“ да ги здружат силите со нас, за да видиме како ќе ја изградиме оваа кула некаде во светот“, појаснил принцот. Принцот не е прецизирал како ќе биде финансиран проектот или кога може да биде финализиран. Според него, цената дополнително ќе се определи. „Ги повикувам водечките градови во светот како Шангај, Москва, Њујорк, Лондон и градовите од Блискиот Исток да ги дадат нивните понуди", вели Ал Валид. Според него земјите кои сакаат да ја имаат највисоката кула во светот, ќе треба да понудат атрактивни услови за финансирање, даночни намалувања и друга владина поддршка. Ако биде изградена, оваа зграда ќе ги надмине сега највисоките згради во светот - 828 метарскиот „Burj Khalifa“, во Дубаи, како е 1 километар високата „Kingdom Tower“, која се гради во моментов во Џеда.