Милијардер купува скапи имоти за да сокрие пари од својата жена
Објавено во: Стил 18 Август, 2013 15:18
Куќата со три спални, која чини 20 милиони долари, е доста скромна во споредба со купената од Риболовлов во 2008 година во Палм Бич, палата во вредност 95 милиони долари, која претходно му припаѓаше на Доналд Трамп.
Елена Риболовлова поднесе тужба за куќата во Хаваи, како и за другите два имота. Таа тврди дека поранешниот магнат ги купил за да сокрие од неа пари кои таа најверојатно ќе треба да ги добие бидејќи ќе победи во судскиот процес за разводот.
Во зградата во Менхетен во декември 2010 година Риболовлов купи стан на својата ќерка, за кој плати рекордни тогаш за имот во Њујорк - 88 милиони долари. Риболовлов, чие богатство се проценува на 9 милијарди долари, негира дека е сопственик на купените имоти кои се стекнати од компании и се дел од доверителските фондови на неговите деца, Екатерина и Ана.
Откако неговата сопруга поднесе барање за развод во 2008 година доверителски фондови на децата на Риболовлов ги купиле скапите три имоти, а потрошиле уште 300 милиони долари за апартман во Монако како и 156 милиони долари за двата грчки острови кои припаѓаа на Аристотел Оназис. Дополнително уште 130 милиони долари се дадени од овие фондови за трансфери на тројца играчи во фудбалскиот клуб Монако, кој е негова сопственост.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





