05 Декември, 2025
0.0556

Милијардер од Германија спаси цел град од банкрот

Објавено во: Стил 19 Јули, 2013 21:25

Добивај вести на Viber

На денот кога во Детроит беше прогласен банкрот, од другата страна на океанот, во Германија, милијардер влезе во улогата на добрата самовила, плаќајќи го долгот на целиот град. Тој ја презел сумата од 2,1 милиони евра на општина Гребенхајм,  со што таа сега нема долгови. „Прво бев изненаден, а потоа се израдував", изјави за AFP, Манфред Дикерт, градоначалник на општина Гребенхајм, откако слушна за добрата вест. Марио Луц Хелминг, хирург кој долго работел во овој град со помалку од 5.000 жители, е човекот кој го спаси градот. Тој сепак не сакал да ги објасни мотивите за великодушноста пред новинарите. „Парите се уште не се кај нас, но ќе бидат примени во следните денови", објасни Дикерт. Тој најави дека ќе се повлече од градоначалничката функција по 30 години служба. Донацијата ќе му помогне да ја остави зад себе општината без ниту едно евро долг.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: