02 Мај, 2024
0.0248

Mилионер пријави приход од 4 евра

Објавено во: Стил 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Италијанската полиција го заплени имотот на бизнисмен, во вредност од 300 милиони евра, кој објави годишен приход од само четири евра. „Џовани Монтресор и неговата сопруга живееја поразличен начин на живот отколку што би се очекувало според пријавените приходи", рече полицаецот Франческо де Џакомо за АФП. Монтресор е сопственик на многу хотели, вили и имоти низ северозападниот дел на Италија. Овој бизнисмен од Верона сепак пријави профит од 4 евра во 2011 година, пет евра во 2010 година и четири евра во 2009 година, а неговата сопруга 3 евра во 2011 година и едно евро во 2010-та. против Монтресор во 90-тите се водела истрага за подмитување локални политичари, а во  2011 поради сомнителни деловни зделки. Даночното затајување е голем проблем во Италија, која останува пократка поради тоа за милијарди евра годишно.