МИЛИОНЕР: Успеав сам да направам милиони, a еве како!
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2015 17:04
Стив Сиболд е автор на книгата „Како размислуваат богатите" и сам успеал да направи милиони.
Некогаш бил сиромав и заглавен во долгови, се додека не решил да ризикува и да почне свој бизнис со скромна викендица што ја направил угостителски објект.
Сиболд верува дека секој човек може да успее на пазарот, само ако е упорен и посветен на работатa и ако верува во својата идеја.
Еве ги неговите бизнис совети:
1. Во слободна пазарна економија, секој може да направи пари колку што сака.
2. Вашата позадина, степенот на образование, или коефициентот на интелигенција се ирелевантни кога станува збор за заработка на пари.
3. Најбрзиот начин да заработите пари е да го решите проблемот. Колку што е поголем проблемот , толку повеќе пари ќе ви донеси.
4. Не ги слушајте негативците кои сметаат дека треба да се задоволите со она што ви го дал животот. Бидете амбициозни и секогаш борете се за повеќе
5. Секогаш размилувајте во големи суми. Колку сакате да заработите, 100 000 долари, 500 илјади или зошто не и милион?
6. Да се биде богат не е привилегија, тоа е право на секој човек.
7. Не седете со скрстени раце и не чекајте некој да дојде вашиот брод за спас. Нема да бидете откриени, спасени и збогатени туку така. Направете го сами својот брод и запловете во претприемачките води.
8. Не се фокусирајте на трошоците во бизнисот и не дозволувајте тие да ви го одземат целото внимание. Фокусирајте се на максимизирање на профитот и продуктивноста.
9. Заработувањето пари зависи само од вас. Па, фатете се за работа.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




