Милионерите од Балканот кои се најдоа на листата на Форбс
Објавено во: Стил 16 Септември, 2013 09:35
Следен на листата е скромниот Санди Чешко од Студио Модерна – Словенија кој по пат на директна продажба преку телевизија (топ-шоп) се најде на второто место со богатство од 481.6 милиони евра. Тој е претставен како скромен милионер кој нема секретарка, јахта и викендица.
На трето место е Миодраг Костиќ, сопственик на холдинг компанија, една од најуспешните во Србија. Неговото богатство е проценето на 234 милиони евра. Неговата Мк-група содржи 36 претпријатија кои се меќусебно поврзани. Сопственик е на фирми и во Белорусија и Украина.
Четврти е сопственикот На Атлантик Груп, Емил Тедеши со 145,5 милини евра. Атлантик Груп е хрватска мулинацинална компанија која ги застапува брендовите Росал, Кокта, Аргета, Смоки и др.
Петти на ранг листата е Вук Хамовиќ сопственик на ЕВТ-груп. Тој живее и работи во Лондон и се смета дека е најголем трговец со струја од Украина до Грција.
Според Форбс, најбогат Македонец е Минчо Јорданов со богатство од 35 милиони евра. Најважен извор на неговите приходи е фирмата Макстил. Неговата клиника Ремедика е една од најмодерните здравствени установи во земјава. Сопственик е на ракометниот клуб Металург и на винаријата Стоби, а во градежната фирма Бетон поседува 2.4 милини евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





