29 Април, 2024
0.0249

Милиони ама за џабе – што значи да работиш на Волстрит?!

Објавено во: Стил 25 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во случај да сакате да работите на Волстрит, би требало навистина да знаете во што влегувате. Платата е голема, навистина ќе учите нови нешта секој ден, и да навистина ќе склучувате договори вредни милиони, можеби и милијарди. Но, вели едн вработен со долгогодишно искуство на Волстрит, не е се розово на берзата. Тој јавно одлучи да сподели, што навистина значи работата на еден брокер. Мора да бидете подготвени да работите по 80 часа неделно во првите пет години, вели тој, што ќе значи дека нема да имате време за приватен живот. Дури и кога не сте на работа, шефовите очекуваат дека ќе бидете на располагање на телефонот. На крајот на работната недела ќе бидете толку уморни, дека едвај ќе чекате да дојде петок или сабота вечер за да излезете со пријателите на пиво.И токму затоа, ќе работите многу, но ќе пропуштите и најважните моменти во животот - свадбата на сестра си или погребот на вашата баба. Службеникот, кој побарал анонимност, вели дека во почетокот на својата кариера заработил многу пари, но тие сепак се помалку од она што мислат пријателите дека заработувате. „Голем дел од своите соништа, ќе бидат поврзани со тоа што ќе правите откако ќе ја напуштите вашата сегашна работа“, додава тој. Ако, пак, по 10-15 години сеуште сте на Волстрит, ќе правите повеќе пари годишно од вашите родители за целиот нивен живот, но ќе дојдат и здравствените проблеми. Со плата од над 1 милион долари на 29-30 години веќе ќе се чувствувате непобедлива и бесмртен. Тоа сепак не попречува да се стекнат лошите навики. Дрогата, возењето со огромни брзини или алкохол се дел од животот на многумина што го искусиле Волстрит. Вообичаено луѓето сонуваат за нов дом, автомобил, часовник.. Вработените на Волстрит пак само сакаат да имаат повеќе време, но време во кое ќе работат, за да заработи повеќе пари. Таму, вели службеникот,  сите се натпреваруваат за едно мало парче од тортата наречена бонуси. Бидејќи сè што заштедува време се купува. Ќе се согласувате да платите двојно повеќе пари, за да стигнете од точката А до точката Б или ќе ангажирате професионалци да работат за вас нешта, од кои можеби дури и немате потреба.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти