Милионски трошоци за едно рочиште на „Диво насеље”
Објавено во: Економија 02 Март, 2016 20:25
Трошоците за спровод на обвинетите, за ангажирањето на обичната и на специјалната полиција и за останатите ангажмани за текот на судскиот процес на случајот „Диво насеље” достигнуваат до 40 илјади евра или 2 452 000 денари.
Толку изнесува казната за тројцата бранители кои денеска во знак на револт го напуштија судењето за случајот, во кој на 29 лица им се суди за тероризам и терористичка организација.
Адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардишта и Мефер Арслани заминаа од судењето со образложение дека немаат намера да присуствуваат додека Судот не обезбеди услови сите роднини на обвинетите да можат да влезат во судница.
Трошоците се големи бидејќи за едно рочиште вклучени се специјалните единици, ЕБР, тигри, ПЕП, редовната полиција, хеликоптерската единица, затвоската, сообраќајна полиција, спроведување на обвинетите од затворите од различни градови со посебни возила, единици за обезбедување на траса.
Судскиот совет дополнително констатираше дека Рауфи, Дардишта и Мефаил Арслани го нарушиле редот со демонстративното излегување од судница, па одлучи да ги казни по 1200 евра.
Рочиштето, на кое требаше да сведочат петмина сведоци на Обвинителството, презакажано е за 8 март.
На 29-темина обвинети им се суди за напади врз полициската станица во Гошинце и во кумановската Дива населба, кога загинаа осуммина полицајци, а околу 40 беа повредени.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




