19 Мај, 2024
0.0286

МИЛОШОСКИ УКАЖУВА НА КРАТКИТЕ РОКОВИ ЗА ПОДГОТОВКА - власта не ги почитува пратениците

Објавено во: Македонија 27 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, укажува на тоа каков е сега, а каков бил порано односот на власта кон пратениците. 

Во врска со закажаната седница за избор на Влада, добро е да се знае, како било претходно, а како е сега, во однос на деновите кои им се дадени на пратениците и на медиумите за да се подготват за расправа и критика на обемниот материјал за програмата и составот на новата влада. Според бројот на деновите дадени за припрема во врска со материјалите за составот и програмата на владата се мери и почитта на власта кон јавноста и пратениците, пишува овој народен избраник.

Претходно :

2006г. - на 14 август е доставен предлог за нова влада, а седницата се одржа на 25 август, со што пратениците и јавноста имаа 11 дена да го разгледаат материјалот и да се подготват за дебата за составот и програмата на Владата.

2008г. - на 12 јули е доставен предлог, а седницата се закажа на 26 јули, со што од денот на доставување на предлогот до седницата пратениците и медиумите имаа 14 дена за да се подготват за дебата за новата Влада и нејзината програма.

2011г. - на 15 јули е доставен предлог, а седницата за избор на владата се одржа на 27 јули; пратениците имаа 12 дена ги прочитаат и предлог програмата и биографиите на членовите на новата влада, и добро подготвени да дебатираат за изборот на Владата, а тоа е и во интерес на јавноста.

2014г. - на 7 јуни е доставен предлог а седницата се одржа на 19 јуни, со што пратениците и медиумите имаа 12 дена за да се подготват за дебата за составот и програмата на Владата.

Еве каков е односот на сегашнава власт кон јавноста и пратениците:

2017г. - на 28 мај е доставен предлог, а седницата се закажа и одржа на 30 мај, пратениците имаа 2 дена за да се подготват за дебата за состав и програма на Влада.

2020г. - на 26 август е доставен предлог, а седницата е закажана за 29 август, од денот на доставување на предлогот, и пратениците имаат 3 дена да го разгледаат обемниот материјал и да се подготват за дебата по составот и програма на Влада, од кои еден е неработен ден како значаен верски празник.

Ваквото кратење на роковите потребни за добра подготовка и здрава парламентарна дебата само покажува колку власта го "почитува" Собранието, функцијата пратеник, медиумите и пошироката јавност. А ако речат дека причината е брзањето заради ефикасни институции, манипулираат, бидејќи доколку навистина им се брзаше, едниот немаше да оди на летен одмор после избори, ниту пак другиот ќе ја прекинуваше собраниска седница заради мекици.

Со ваквото непочитување на власта кон пратениците за жал нема да се создаде стабилна политичка атмосфера во работата на Собранието.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична