Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2023 19:53
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во централниот Дневник на Сител ТВ, одби да ја коментира пораката која екс премиерот Никола Груевски му ја упати денеска на социјалната мрежа Фејсбук.
„Не би коментирал. Би сакал исто ко и она што беше кажано претходно да му пожелам добро здравје. Нека се занимава што смета дека се негови приоритети, нека си пишува за своите приоритети итн., дали тоа се лични или политички, не е битно“, изјави Милошоски вечерва во Тема на денот на ТВ Сител.
За потсетување, претходно денеска Груевски на Фејсбук напиша дека имал многу што да каже за Милошоски.
„Тој при секоја смена на лидер со сопствена иницијатива бара начини да го нападне претходниот, за да се истакне кај новиот. Така ќе биде и кога Мицковски ќе си замине од челната позиција на партијата еден ден. Антонио ќе држи прес конференција, а на интерни состаноци најжестоко ќе зборува против него како да му е прв душман, од првиот ден, за да ги добие симпатиите на новиот водач. Така функционира тој човек. Таков бил, таков е сега, таков и ќе си остане“, му порача Груевски на Милошоски.
Трет ден по ред продолжуваа јавните препукувања меѓу сегашниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




