19 Мај, 2024
0.0289

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВЕДНАШ ДА СТАНЕ 18.000 ДЕНАРИ - ССМ се спрема за штрајк, формиран Главен штрајкувачки одбор

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Претседателството на ССМ и Советот на ССМ на денешните седници кои останаа отворени за да може да заседаваат во континуитет во наредниот период, како највисоки органи помеѓу два Конгреси на ССМ, донесоа Одлуки со кои Претседателството на ССМ е овластено за главен штрајкувачки одбор, кој во наредниот период ќе организира и спроведува разни облици на притисок како и да организира штрајк, по однос на утврдените барања  на ССМ, а во зависност од преговорите на претстојниот состанок со Владата закажан за 31 јануари оваа година.

„Со одлуката се задолжуваат синдикатите согласно нивните Статути да ги спроведат сите постапки пред нивните органи и тела во насока на неопходност и солидарност со претстојните активности за спроведување на штрајкот и на разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Како што нагласуваат оттаму, биле потврдени барањата следниве барања.

Прво, итно донесување на предологот на Законот од ССМ за  изменување и дополнување  на Законот за минимална плата со кој бараат минималната плата во бруто износ изнесува 26.476 денари  или 18.000 денари ВЕДНАШ, висината на минималната плата да не може да биде пониска од 60 отсто од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен во последните три месеци и платите на останатите работници задолжително да се усогласат со порастот на минималната плата согласно Закон и колективен договор.

Второ, потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор, со кој, како што велат, ќе се врати изгубеното работничко право на регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

„Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите.

Уште еднаш ги повикуваме пратениците во собранието сите заедно веднаш да го изгласаат предложениот Закон од ССМ за зголемување на минималната плата и сите останати плати согласно Закон и Колективен договор“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична