20 Декември, 2025
0.0388

Министерот Беџети за нотарите, задолжницата и новите закони

Објавено во: Економија 20 Април, 2013 19:40

Добивај вести на Viber

Министерството за правда  посветува големо внимание на унапредување на нотарската  служба, особено при подготовката на законите каде што се настојува судовите да се растеретат од вонсудски предмети, истакна денеска министерот за правда Блерим Беџети за време на стручното советување на Нотарската комора на Република Македонија. Според Беџети, нотаријатот има огромно значење и елементарна функција во изградбата на правната држава.

„Во таа насока беше и донесувањето на Законот за вонпарнична постапка со кој што им се овозможи на нотарите да постапуваат како повереници на судот во однос на оставинските предмети, а со измените и дополнувањата на Законот за извршување донесувањето на решенијата врз основа на веродостојни исправи се пренесе во надлежност на нотарите“, рече Беџети.

Последниот чекор во оваа насока, како што посочи, е доделувањето на правото и обрската на нотарите, согласно Законот за задолжница, да ја составуваат и заверуваат задолжницата како потврдена приватна исправа со која должникот дава согласност побарувањето на доверителот назначено во задолжницата присилно да се наплати од сите расположливи средства на должникот кај носителите на платниот промет.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба