05 Декември, 2025
0.0340

Министерство за енергетика ги објави повиците за субвенционирање на клима уреди и струја

Објавено во: Економија 12 Август, 2025 11:02

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година  објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на:

1. Право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска класа од најмалку А+

2. Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица кои припаѓаат на категоријата ранливи потрошувачи

Цел на огласот

Огласот има за цел да обезбеди заштита на ранливите потрошувачи кои се наоѓаат во состојба на енергетска сиромаштија, преку унапредување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живеење на домаќинствата кои исполнуваат утврдени критериуми за ниски приходи или се социјално ранливи.

1. Критериуми за доделување на инвертер клима уред

Категории на домаќинства:

• Домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не го надминувал:

25.000 денари за едночлено домаќинство

31.000 денари за домаќинство со два члена

37.000 денари за домаќинство со три члена

43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена

• Домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не го надминувал:

15.700 денари за едночлено домаќинство

19.800 денари за домаќинство со два члена

23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена

Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Министерството ќе врши мониторинг и контрола на спроведувањето на јавниот оглас и има право да го укине решението доколку се утврдат неправилности или неусогласност со условите од Програмата.

2. Критериуми за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

Категории на домаќинства:

Со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост

Со најтешка телесна попреченост

Со потполно слепо лице

Со потполно глуво лице

Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

3. Потребна документација

За доделување на инвертер клима уред:

Пополнетo барањe (обрасци 1 и 2)

Изјава, заверена на нотар

Фотокопија од лична карта на барателот

Фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството - за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и

Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2025 година

За доделување на  финансиска поддршка за потрошена електрична енергија:

Пополнето барање (обрасци 1, 2, 3 и 4)

Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар

Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток

Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година и

Фотокопија од лична карта на барателот и 

Фотокопија од лични карти за членовите на домаќинството - за полнолетни лица или изводи од матични книги за малолетни лица во домаќинството, извод од матична книга на венчаните, потврда за развод или посмртница и

 4. Начин на доставување на документацијата

Обрасците и изјавата се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот Јавни огласи. Документацијата се доставува по пошта или лично на адреса:

ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје.

Контакт телефони: 071 319 074; 070 381 162;

Е-пошта: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

5. Рокови за аплицирање

• За доделување на инвертер клима уред – рокот за аплицирање е 60 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до 5 октомври 2025 година.

• За финансиска поддршка за потрошена електрична енергија – рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот оглас, односно до крајот на август 2025 година.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?