Министерство за здравство: Д-р Жарко Караџовски позитивен на коронавирус
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2021
Министерството за здравство денеска соопшти дека претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19.
Според известувањето, тој останува дома во изолација и се чувствува добро. Во изолација ќе биде и неговата сопруга.
„Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести“, гласи соопштението на МЗ.