Министерството за здравство го повикува ВМРО - ДПМНЕ да не шири лаги дека во болниците нема кислород
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2021
Министерството за здравство гo повикува ВМРО-ДПМНЕ да не шири невистини дека во болниците нема кислород и со тоа да ги одвраќа граѓаните да добијат бесплатен и квалитетен здравствен третман во јавно здравствените установи и да ги наведува да се задолжуваат, и да се лекуваат во приватни болници.
„ВМРО - ДПМНЕ како најголема опозициска партија има на располагање ефикасен и конструктивен демократски механизам, а тоа е да ја употреби својата позиција да иницира легални решенија во рамки на законодавниот дом кои ќе бидат во насока на подобрување, на квалитетот на животот и благосостојбата на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ не само што не го искористува овој механизам, туку покажа пракса на блокирање на антикризните мерки кои резултираа со доцнење на помош и друга финансиска помош на најпогодените во ковид пандемијата, исто како кога ВМРО ДПМНЕ го блокираше и процесот на изградба на модуларни инфективни одделенија за третман на ковид пациенти“, реагираат од Министерството за здравство.
Го поздравуваат правото на мирен протест, но го повикуваат ВМРО - ДПМНЕ да ја напушти праксата да организира јавни собири во време на пандемија, загрозувајќи го здравјето на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.