19 Декември, 2025
0.1334

Министерството за животна средина добива грант од 2 милиони евра за физибилити студии и анализи

Објавено во: Економија 16 Јули, 2025 10:21

Добивај вести на Viber

Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во вредност од 2 милиона евра, со кој започнува подготовката на втората фаза од Регионалниот проект за управување со цврст отпад во Северна Македонија.

Овие 2 милиони евра грант средства за техничка поддршка, обезбедени преку Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (WBIF) се наменети за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион, како предуслов за изградба на современи санитарни депонии, претоварни станици и опрема за управување со отпад во регионот, според највисоките стандарди на ЕУ.

На настанот присуствуваа првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, и помошник Директор, Банкар , Билјана Милошеска од ЕБОР.

„Со средствата за кои денеска потпишуваме договор за грант обезбедуваме техничка подготовка за Вардарскиот и Југоисточниот регион, што е предуслов за изградба на модерна инфраструктура: санитарни депонии, претоварни станици и систем за ефикасно управување со отпад.

Придобивките се конкретни – почиста животна средина, европски стандарди и директно подобрување на квалитетот на живот на граѓаните” - изјави министерот Изет Меџити на настанот.

Билјана Милошеска, ЕБОР изјави: „Овој проект претставува значаен чекор кон зелена и одржлива иднина во државата. Исто така, тој преставува прва иницијатива на Банката во овој сектор, поддржувајќи имплементација на системи за управување со отпад што се усогласени со ЕУ стандарди за повеќе од еден милион жители во три регионални плански области и 45 општини.“

Европскиот амбасадор Рокас истакна: „Зачувувањето на природните убавини на Северна Македонија бара решителна и ригорозна борба против цврстиот отпад на централно и локално ниво. Со 2 милиони евра грант финансирање од WBIF, ние ја продолжуваме посветеноста на ЕУ да ја поддржиме земјата во пронаоѓањето на најдобрите решенија за справување со проблемот со цврстиот отпад. Ова е само почетокот на тековната финансиска поддршка од ЕУ за Северна Македонија во областа на животната средина и управувањето со отпад.“

Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран со заем од ЕБОР од 55 милиони евра, кој беше претходно потпишан, вклучува изградба на санитарни депонии, трансфер станици и инфраструктура за собирање отпад во повеќе региони. Првата фаза, финансирана со транша од 47,5 милиони евра, веќе е во фаза на имплементација и опфаќа активности во регионот на Пелагонија, Југозападниот и Полошкиот регион., а денешниот грант овозможува техничка подготовка за мобилизирање на активности и во Вардарскиот и Југоисточниот регион. Грантот е дел од поширока финансиска поддршка обезбедена од ЕУ и WBIF која вклучува 21.7 милиони евра инвестициски грант кој ќе биде попишан во текот на имплементацијата на Регионалниот Проект за Управување со Цврст Отпад.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии