28 Април, 2024
0.0287

Миноски се сомнева во раст од 5%, но да не ја утна годината?

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во интервју за Алфа тврди дека раст на домашната екомонија од 5% е многу тешко остварливо, особено ако не се продолжи со спроведување на досегашните успешни економски политики за кои владата на Заев најави ревизија и многу промени.

- Мислам дека е тешко достижно во 2017-та да имаме стапка на раст на економијата од 5%. Треба да се види кои се економските политики кои ќе ги спроведува новата влада, какви мерки ќе бидат спроведени во делот на деловното окружување. Македонија во 2017-та на листата Дуинг Бизнис се наоѓа на 10 место во светот и 5 во Европа. Тоа се мерки кои се добри за економијата, кои ги забрзуваат процедурите, ги надминуваат административните бариери и треба да се продолжат и во наредниот период. Многу е важно да се види какво ќе биде расположението кај инвеститорите, и странски и домашни, бидејќи тие директно влијаат врз економскиот раст и да се види какви ќе бидат промените кои ќе бидат креирани во фирмите на микро план, дали ќе биде надмината таа бариера која постоеше кај инвеститорите поради политичката криза, дали ќе има нови проекти? Дали е достижна таа стапка од 5% во 2017? Според мене е тешко остварлива. За 2018 година добро е Македонија да има и стапки над 5% ако е тоа можно.

Миноски како министер не обезбеди раст поголем од 2%, па затоа и зачудува зошто сега е толку критичен за идниот развој на македонската економија. Сепак, ваквите сомнежи на Миноски се многу чудни бидејќи никој не разговара за раст од 5% годинава што за многумина е невозможна мисија, па дури и НБРМ ја корегираше својата прогноза и ја намали на раст од 2,5%. 

Секако, ветувањата на Заев мора внимателно да се набљудуваат и да се врши постојан притисок за нивно исполнување, особено на економските реформи кои се најавени, па во текот на мандатот да се бара и одговорност за нивно исполнување и сеопшто подобрување на македонската економија. 


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност