19 Декември, 2025
0.0467

МИНОВСКИ, човек со интегритет или партиски послушник?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 08:19

Добивај вести на Viber

Доаѓањето на новиот министер предизвика несигурност во дел од финансискиот сектор, кај некои пак побуди прашања, можна ли е промена во политиките, промена на подобро? Кирил Миноски го наследува Зоран Ставрески во најчуствителните политичко – економски прилики во земјава. КОНТРОВЕРЗНИ ПРОЕКТИ: Што ни остава Ставрески во наследство? Земјава, преку финасии континуирано се задолжува на домашниот пазар, но и на меѓународниот. За 2, 5 милијарди беше зголемен јавниот долг во изминативе 7 години, но она што го велат експертите, проблемот е што долгот не беше искористен доволно паметно Ова всушност е и еден од најголемите „гревови“ што му се земаат на Ставрески. Последната најава за нови задолжувања ја даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој навести дека Владата ќе се задолжува со еврообврзница, но сеуште не е позната сумата и деталите. Груевски изјави дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра. Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега вредноста на задолжувањето веројатно би изнесувала 230 милиони евра. Од Миноски се очекува да одоговри дали ќе продолжи истата политика на прекумерно трошење во делот на јавните финансиии за непродуктивни расходи, или пак тој ќе направи рез и ќе ги спречи непотребните зголемувања и трошоци за плати, пензии, субвенции. Не е реално да се очекува дека Миноски ќе води автохтона политика, туку поверојатно е тој да ги следи досегашните политики и политиките што ги спроведува Владата сметаат познавачите. Сепак, треба да му се даде шанса за да се види дали Миноски е човек со интегритет и знаење како што пишува во неговото си-ви, или ќе дозволи да биде претопен во партиски послушник и слепо да ги спроведува политиките што му се наметнуваат.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии