17 Мај, 2024
0.0489

МИРЧЕ ЧЕКРЕЏИ: Без ЕУ нема да умреме, но мора да се освојат трети пазари!

Објавено во: Економија 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Мирче Чекреџи, бизнисмен и член на Сојузот на стопански комори на Македонија, во изјава за Фактор дава оценка за економските состојби во Македонија во изминатите 22 години. Чекреџи смета дека инвестицискиот циклус во земјава воопшто не е почнат, а она што сега се случува во поглед на инвестициите – воопшто не може да се смета за инвестицсики циклус .Сепак, Чекреџи за Фактор вели оти не смета дека без членство во Европската Унија - земјата не ќе може да развива, иако потенцира дека, сепак тоа е добро да се случи. Но, она на што треба да се насочат компаниите е освојување на трети пазари.

Фактор: Како ја оценувате  - економската состојба во Македонија по 22 години независност?

Чекреџи: Очигледно е дека последните 22 години од кога Македонија стана независна држава , може да се каже дека македонската економија стагнира. И, не може да дојде на нивото на кое беше пред распадот на СФРЈ. Тоа се гледа и од просечната стапка на пораст на БДП, кој просечно расте за околу два проценти, иако имаше и години кога беше над тој процент. Но сепак,  генерално останува фактот дека економијата е во стагнантна фаза, веќе две децении.

Имаше и надворешни влијанија, за кои може да се каже дека лошо, да не речам трагично влијае на македонската економија. Прво тоа беше распадот на СФРЈ. Одеднаш се изгубија пазараите на бившите југословенски републики каде земјата најмногу извезуваше. Мораше да се бараат нови пазари. Да се освојуваат нови земји. Тоа беше еден историски лош период за економијата.

Инвестицискиот циклус во Македонија не е започнат. Ова што сега се случува не може да се смета дека е инвестициски циклус, дека се работи за инвестиции кои ќе значат сериозно поместување во македонската економија. И при тоа мислам и на домашни и на странски инвестиции. Фактор: Какви се вашите прогози за економските движења во иднина?

Чекреџи: Сепак, јас во принцип сум оптимист како човек и без разлика на политиката на владите сметам дека секоја компанија си прави своја политика, и дека компаниите во иднина ќе успеат да направи синергија во работењето. Се разбира – политиката тука може да има големо влијание и може многу да помогне, особено со влезот во Европската Унија. Но, јас не сум од оние кои сметаат дека без членство во ЕУ – ние ќе умреме. Иако е добро тоа да се случи, сепак не мислам дека и без тоа нема да можеме да се развиваме.Но, морам да посчам дека неопходно е да се освојуваат нови пазари. Да се освојуваат трети пазари. Компаниите тоа мора да го сфатат. И кога велам трети пазари, мислам на пазарите на Кина, Индија и Бразил.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија