10 Мај, 2024
0.0233

Мириси кои не се забораваат

Објавено во: Стил 05 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во Франција постои болница во која се лечат случаи на алцхајмер или на луѓе кои имаат повреди на мозокот. Ова секако не е нешто ново, болници во светот има многу, но различното од тие болници и оваа е методологијата која ја користат во CEW Франција. Целта на пациентите да им се понуди силни емоционална и психолошка потпора. За што поконкретно се работи. Болните се лечат преку разни мириси кои ги враќаат во минатото. Специјални тимови од болница работат заедно со членови на семејствата на пациентите. Во тој процец тие се обидуваат да дознаат колку што може повеќе за пацинетот. Каде растел, каде сакал да се движи, кое му било омилено место за одмор, која му била омилена храна, пијалак итн. Во основа се обидуваат да дознаат што е можно повеќе за неговиот живот. Оваа практика е започната кога на еден нивни пациент (инаку директор на некоја козметичка компанија) кој доживеал мозочен удар и кај кој опоравувањето одело многу споро, му бил даден мирис на јагода. Силен изразит мирис од неговит крај. Мирисот го вратил назад во детството и започнал да се сеќава на се што имал заборавено. Можеби делува премногу романтично, но според луѓето во болницата, токму тоа е нивната тајна формула за успех. Според психолозите чувствата кои ги доживуваме до најмногу седум години, а според некои и до 5 години, како и мирисите стануваат вечно врежани во нашата свест или потсвест, сеедно. Поентата е дека тие работи никогаш не се забораваат и дека стојат вечно складирани. Кога ќе ни биде понудено таквото чувство ние веднаш ќе се сетиме на минатото и на се што ни се случувало тогаш. Тоа ќе биде основата на идното опоравување на пациентите. Таква е методологијата, а ваше е да процените колку е тоа вистина. Сепак не можеме да занемариме дека многу доктори препорачуваат да детето да му се пушта музика уште додека е во стомакот на мајката. Според некои научници оформувањето на човекот започнува токму во тој период. И за крај да кажеме дека со вакви истражувања се занимаваат и големите компании кои се обидуваат на разни начини, понекогаш и манипулативни, да допрат до децета уште во нивните најмали години, со цел во иднина токму тие да бидат нивни потрошувачи. Редакција Фактор