02 Мај, 2024
0.0236

Мис Албанија ќе се бира во Улцињ?

Објавено во: Стил 23 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Најавата дека овогодинешниот избор на Мис на Албанија ќе се одржи во јуни во црногорскиот град Улцињ предизвика реакции во јавноста во Црна Гора. Најостро протестира опозицијата, која нема против да се одржи манифестацијата, но укажува дека затоа обидот да се организира изборот на Мис на Србија во Црна Гора сигурно не би наишол на одобрување од црногорските власти. „Не сум некој кој страда од националистичка ксенофобија. За мене не е спорно ниту кога во Беране се развејува знамето на Србија, ниту кога Албанците во Улцињ го развејуваат своето. Единствено сум против да се прават граѓани од прв и втор ред - она што го прават Србите да се смета дека е против државата, а она што го прават Албанците дека е добро“, изјави лидерот на црногорското Движење за промени Небојша Медојевиќ. Одржувањето на манифестацијата за избор на најубавата Албанка во црногорскиот приморски град било договорено на средба меѓу градоначалникот на Улцињ Фатмир Џека и продуцентот на манифестацијата Петри Боз.