23 Ноември, 2024
0.0263

МИСТЕР БИН Е КРАЛ НА СКАНДАЛИТЕ: Ќерка му се откажала од неговото презиме, еве зошто

Објавено во: Општо 08 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Роуен Аткинсон е на листата на најинтелигентни светски ѕвезди. Неговото образование укажувало дека ќе се занимава со нешто друго освен со глума, но неговата љубов кон филмот и театарот владеела. Роуен Аткинсон стана едно од најнезаборавните лица на светската кинематографија.

Во светот на актерската професија влегол откако магистрирал електротехника од Оксфорд, а бројни извори наведуваат дека неговиот коефициент на интелигенција е 178.

Во приватниот живот се издвојува бракот со Сунетра Састри, кој траеше од 1990 до 2015 година и заврши на многу бурен начин.

Поранешните сопружници се запознале на телевизијата Би-Би-Си, каде Сунетра работела како шминкерка. Аферата што ја имаше славниот Мистер Бин со актерката Луиз Форд (41) им го уништи бракот. Како што напиша британски „Сан“, првата сопруга на актерот го превзеде изневерувањето исклучително тешко.

Разводот беше направен брзо, а како причина беше наведено неразумното однесување на Аткинсон. На се беше додадена и одлуката на ќерката на Роуан и Сунетра, Лили да се откаже од татковото и да го земе презимето на мајка си, што многумина го протолкуваа како нејзина реакција на прељубата што ја направи познатиот актер.

Синот Бенџамин Аткинсон не презел таков чекор.

Роуен Аткинсон остана во врска со Луиз и често можат да се видат во Лондон, како уживаат во прошетка со нивната ќерка Исла, која се роди во 2017 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.