Мистериозен купувач понуди 2 милијарди кеш за „Empire State Building“
Објавено во: Стил
27 Јуни, 2013 21:48
Добивај вести на Viber
Мистериозен купувач од Блискиот исток понуди да плати 2,1 милијарда долари во кеш за познатиот облакодер „Empire State Building“, пишува весникот„ The New York Daily News“, повикувајќи се на документи во Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД.
Претходно компанијата „Cammeby's International Group“ изрази подготвеност да плати за зградата 2 милијарди долари. И двете понуди пристигнуваат по најавите за спроведување иницијатива за прибирање јавни понуди за „Empire State Building“.
Сепак портпарол на сегашниот сопственик на зградата „Woolworth Building“ одбива да ги коментара ваквите наводи, но според Филип Пилевски, извршниот директор на „Philips International“, блискоисточниот купувач сака да биде во предност и е подготвен да води ценовна војна.
„Empire State Building“ ја одбележа својата осумдесет-годишнина во 2011 година и претставува еден од главните симболи на градот Њујорк. Зградата се проценува на 2,5 милијарди долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: