18 Декември, 2025
0.0507

МИЗО ЗА ФАКТОР: Енергетската криза и инфлацијата ќе бидат дополнителен проблем во 2022, извозот на Костал ќе стигне над 100 милиони евра

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2022 07:54

Добивај вести на Viber

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година.  Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија вели дека ја испраќаме 2021, но дека тоа не значи дека добар дел од предизвиците и проблемите со кои се соочивме во изминативе речиси две години нема да останат со нас и меѓу нас и во 2022 година

„Ќе се чувствуваат последиците на глобалното зголемена инфлација, која нема да биде само транзиторна и краткорочна како што првично се предвидуваше. Тесните грла присутни во синџирите на снабдување ќе го одржат зголемениот притисок врз цените и се уште ќе чувствуваме ограниченост во производствените процеси, а со тоа и способноста на компаниите целосно да ја задоволат побарувачката. Енергетската криза и зголемувањето на цените од изминативе неколку месеци ке бидат дополнителен товар во работењето. Лимитираниот потенцијал на пазарот на труд ќе значи неопходност за изнаоѓање на дополнителни начини како да се привлечат, мотивираат и задржат најдобрите кадри.

Во 2021 КОСТАЛ: Македонија ја достигна бројката од 1.000 вработени и прослави 5 години од почетокот на работа во државата. Автомобилскиот сектор, посебно во Европа, според бројот на произведени и продадени возила е во полоша состојба од минатата 2020. Сепак како компанија, покажавме истрајност, натпреварувачки дух, лојалност и посветеност кон вработените и грижа кон заедницата. Заеднички со нашите вработени успеавме да го подобриме резултатот – раст на годишното производство од 40 отстои воведување на технолошки најнапредни производи од портфолиотона производи на КОСТАЛ за електричните возила на Волксваген групацијата, како и комплексни мехатронски производи за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди.

 Во 2022 продолжуваме со нови проекти и имплементација на технологии и инвестиции од околу 12 милиони евра. Можноста за добивање на нови тендери, односно номинации, како и воведувањето на комплексни производни линии ќе значи и дополнителни инвестиции – како во автомобилскиот, така и во секторот на индустриска електроника. 

Тренинг, обука, подобрување и усовршување на техничките знаења, меките и лидерските вештини, оптимизација на процесите, намалување на трошоците и подобрување на условите за работа креирајќи баланс помеѓу професионалниот и социјалниот живот на нашите колеги ќе бидат во фокусот идната година.

Очекувањата за 2022 се дека ќе имаме стабилизирање и постепен раст на автомобилската индустрија. КОСТАЛ Македонија ќе ја достигне бројката од над 100 милиони евра годишен извоз и веројатно ќе започне нов инвестициски циклус. Подобрување на економските перформанси во државата, пред се подобар и поконкурентен бизнис и инвестициски амбиент. Поефикасна, исполнителна и професионална администрација, како на централно, така и на локално ниво. На лично поле – она што е неопходно и искрено би им го посакал на сите: здравје, успех, среќа и радост! За себе – очекувам меѓународни патувања (конечно, после речиси 2 години…).


Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа